Search

Тричковски има проблеми со мускулите

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски, откако постигна два нови гола за АЕК Ларнака, со прецизно изведени пенали против АЕЛ Лимасол (3:1), ја напушти играта во 67. минута.  Тренерот Елиас Хараламбус по мечот појасни дека Тричковски сам побарал измена поради мускулен проблем.

-Тричко сам побара замена и засега не знаеме за што точно се работи. Ќе оди на лекарски прегледи, па ќе знаеме подетално за што станува збор, рекол Хараламбус.

Медиумите во Кипар објавија дека македонскиот репрезентатиовен напаѓач има мускулен проблем. Тричковски со двата гола веќе стигна до бројката од 22 погодоци сезонава, од кои 17 во најсилната кипарска лига и моментно е прв стрелец во првенството.

Треба да знаете
Последни објави