Search

Трифуновиќ му порача на Вучиќ: Ќе завршиш како Гадафи

Познатиот српски актер, Сергеј Трифуновиќ кој е и претседателот на Движењето слободни граѓани на Твитер објави коментар во врска со изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дадена по последните инциденти на протестите во Белград, дека во иднина само жени ќе ја чуваат зградата на Претседателството.

– Дали тој навистина рече дека од следната недела само жени ќе го обезбедуваат? Немој брат, ќе завршиш како Гадафи, напиша Трифуновиќ, алудирајќи на либискиот лидер Моамер Гадафи.

Гадафи пред граѓанската војна во Либија, во која беше убиен во 2011 година, беше познат и меѓу другото по тоа што при државничките посети со себе носеше бедуински шатори, а дел од личното обезбедување беа припаднички на либијската гарда.

– Дека ќе завршам како Гадафи? Океј, тоа е добро. Многумина денес во Либија сонуваат за времето на Гадафи. Му посакувам на Сергеј добро здравје, тој е вистински господин, му одговорил Вучиќ на актерот.

Треба да знаете
Последни објави