Search

Триумф на Феникс во Бруклин за 16. победа во низа, „дабл-дабл” на Дончиќ

Феникс санс ја оствари 16 победа по ред во НБА лигата откако со 113:107 го победи најдобриот тим во Источната конференција, Бруклин нетс, во натпревар кој го одбележа неверојатното достигнување на Крис Пол.

Одличниот плејмејкер натпреварот го заврши со 22 поени, осум скокови и пет асистенции и станапрвиот кошаркар во историјата на НБА лигата со повеќе од 20.000 поени, 10.000 асистенции и 5.000 скокови. Покрај Пол, добра партија прикажа и Девин Букер кој постигна 30 поени, додека во редовите на Бруклин, најрасположен за игра беше Кевин Дурент со 39 поени.

Вашингтон визардс ја забележа втората победа по ред откако со 120:114 го совлада Далас маверикс на кого не му помогна ниту одличната игра на Лука Дончиќ. Во финишот од натпреварот, Вашингтон со поените на Кузма и Гафорд поведе со 114:109, додека Далас дојде до израмнување благодарение на Хардавеј и Дончиќ. Потоа на сцена стапи Кентавиус Колдвел Поуп кој постигна четири поени по ред за водство на Вашингтон од 118:114 со што беа решени дилемите околу победникот.

Бредли Бил беше најдобар кај победничкиот тим со 26 поени, Кајл Кузма даде 22, додека кај Далас се истакна Дончиќ со 33 поени и 10 асистенции.

По тринеделна пауза поради позитивен тест на коронавирус Џоел Ембид се врати на теренот со 42 поени и 14 скокови, но неговиот „дабл – дабл” ефект не беше доволен Филаделфија да избегне пораз од Минесота од 121 – 120, по продолжение.

Победата на Минесота ја донесе Таурен Принс на 4. 8 секунди пред крајот, а за Ембид ова беше прв натпревар во дресот на Филаделфија од 6 ноември пропуштајќи ги последните осум натпревари поради коронавирус.

Nov 27, 2021; Philadelphia, Pennsylvania, USA; Philadelphia 76ers center Joel Embiid (21) reacts after center Andre Drummond (1) ties the game in overtime against the Minnesota Timberwolves at Wells Fargo Center. Mandatory Credit: Kyle Ross-USA TODAY Sports

Драматичен натпревар со продолженија се одигра синоќа и во Хјустон, каде „Рокетс” триумфираа над Шарлот со 146-143.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела:

Филаделфија – Минесота 120-121 (по продолжение)

Атланта – Њујорк 90-99

Бруклин – Феникс 107-113

Чикаго – Мајами 104-107

Кливленд – Орландо 105-92

Хјустон – Шарлот 146-143

Далас – Вашингтон 113-120

Јута – Њу Орлеанс 127-105.

Треба да знаете
Последни објави