Search

Трипуновски: СДСМ сака да подели илјадници хектари државно земјиште на партиски војници

 Трајан Димковски и СДСМ на криминален начин сакаат да поделат илјадници хектари државно земјоделско земјиште на свои партиски војници непосредно пред избори.

Вкупно 2 огласи и 4 јавни повици за распределба на државно земјоделско земјиште се распишани во последните месец ипол дена, со кои спротивно на законски и подзаконски акти се предвидува можност за расцепкување на земјоделските парцели помеѓу повеќе лица . Димковски постапува во спротивност нанеколку закони кој го регулираат земјоделското земјиште и Правилникот за избор на најповолен понудувач.

Имено со постапките за доделување на земјоделско земјиште Димковски го крши чл.3 ст.6 од Правилникот, според кој е предвидено дека не може да се дели односно цепи една катастарска парцела.

Со цел да го покрие криминалот, Димковски врши измена на Правилникотна 22 јануари, последен ден од завршување на постапките.

Истовремено свесен дека не може да го примени ретроактивно Правилникот , по брза постапка на три дена пред распуштање на Собранието преку група пратеници предлага и измени во Законот, со кој признава дека постапките му се отпочнати спротивно на законските норми и противуставно бара измената на Законот за земјоделското земиште да важи ретроактивно.

Обидот шверцерски да се протуркаат измените во Законот за земјоделското земјиште не успеаја.

Иако свесен за незаконското постапување, Димковски продолжува да ги криши законите, моментално тој дели земјиште по однос на 2 огласи. Што само по себе повлекува одговорност и за него лично, но и за Комисиите.

Оттука го повикувам Трајан Димковски и членовите во Комисиите за доделување на земјоделско земјиште да го почитуваат Законот и да ја преиспитаат законитоста на спроведените постапките особено по однос на четирите јавни повици.

Дополнително го повикувам Трајан Димковски да им објасни на преку 1600 земјоделците кои потрошија време и пари за изработка на елаборати и собирање на друга документација дека заради негов пропуст и незнаење ќе останат и без пари и без земјиште.

Димковски и членовите на Комисиите да не се дрзнуваат да влегуваат во криминал и да ги кршат законите, тие треба да знаат дека секое незаконие ќе биде санкционирано по 12 април.

Треба да знаете
Последни објави