Search

Трипуновски на средба со Атанасов за слабата соработка и размената на информации со АХВ

Денеска остварив средба со директорот на АХВ Зоран Атанасов, со него разговарав за работата на Агенцијата, но и за слабата соработка и слабиот проток на информации, соопштува заменик министерот Цветан Трипуновски во МЗШВ.
-Напоменав дека годишните наредби и програми за мониторинг не се донесени, иако веќе втор месец од 2020 година тече, а кои се исклучително важни за заштита на јавното здравје, безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.
Нотирав и за слабата контрола на свинскиот фонд во период кога Африканската чума кај свињите беснее во соседството, но и негрижата која ја гледаме од АХВ. Пасивниот надзор над дивите свињи не функционира. Нема мерки на граничните премини. Посочив дека треба да се зајакнат мерките за контрола со цел превенција да не се доведеме во ситуација како држава да ни угине целиот фонд на свињи и да направи огромни економски штети.
Укажав и на проблемот со бездомните кучиња, особено проблемот со бездомните кучиња на територија на град Скопје, каде е најголемиот проблем.
Град Скопје сега нема прифаталиште за бездомни кучиња и проблемите се чувствуваат, не поминува ден, а да нема нападнати граѓани, ниту пак има институција која ги заловува кучињата скитници со цел нивна кастрација и вакцинација.
Проблемот со кучињата скитници е огромен. Преку 6000 кучиња скитници во Скопје се по улиците, а немаме воопшто прифатилиште кое што ќе работи за нивно згрижување и третман.
СДСМ вети дека ќе го реши проблемот со бездомните кучиња, а веќе 2 години е без прифатилиште и без воспоставен систем на контрола и грижа на популацијата на бездомни кучиња.
Треба да знаете
Последни објави