Search

Трипуновски: Заев, Николовски и Димковски се фатени во криминал до гуша

Зоран Заев, Љупчо Николовски и Трајан Димковски се фатени во криминал до гуша. Нивниот пулен Томе Мојсовски се заканува на инспектор во Инспекторатот за земјоделство да го раскине договорот за концесија на Охридското езеро кој што во моментот е актуелен.

Пуленот на Николовски и Димковски му се заканува на инспекторот од Охрид со зборовите: Да ја скинеш концесијата или да си дадеш отказ. Разговорот кој што вчера излезе во медиумите е само еден доказ за тоа како функционира СДСМ кога е на власт, закани, уцени и притисоци.

Разговорот е доказ за криминал. Ако Трајан сакал да изврши притисок за спроведување на Законот како што кажува на прес конференцијата која што ја одржа во текот на вчерашниот ден, зошто тогаш не пријавил до надлежните институции дека некој го опструира законот.

Разговорот кој го објавија медиумите од кои што слушаме закани по семејството и деца е само еден пример за безброј случаи на закани и уцени, со помош на кои СДСМ владее речиси три години во Република Македонија.

СДСМ три години функционира како мафијашко здружение. Се закануваат и уценуваат невини луѓе. Административецот Томе Мојсовски кој е платен со народни пари да биде во функција на земјоделците, глуми Ал Капоне и се заканува и уценува, додека чесниот земјоделец мака мачи како да го прехрани своето семејство бидејќи владата го клекна на колена аграрниот сектор на Република Македонија, пајташите на власта сеа страв.

Времето на притисоци помина, никој повеќе не ви се плаши и ќе има одговорност за секој еден кој што го прекршил законот во Република Македонија.

Ги повикувам институциите да реагираат и веднаш да го расчистат случајот за кој што вчера бевме сведоци и тоа во најбрз можен рок.

Изборот на 12 април е дали ќе продолжи ваквото мафијашко однесување во Република Македонија со уцени и закани или ќе завладее правото и правдината во Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави