Search

Трипуновски до Николовски: Твојот шеф Заев и брат му Вице кршеа полициски час да делат поткуп и го загрозија здравјето на луѓето

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на Фејсбук му „реплицираше“ на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Љупчо, директно твојот шеф Зоран Заев и неговиот брат – Вице, во Струмица ставија во ризик стотици луѓе, Ваши активисти и цело маало, со цел да соберат политички поени. Кршевте полициски час за да делите поткуп, а кога Ве фатија и санкционираа, Заев пишуваше фејсбук статуси и обвинуваше за политички притисок. Дали Наќе Ви е виновен и за тие масовни собири кои ги правевте при распределба и делење на поткупот организиран од Заеви!? Зошто кога Ви поведоа постапка обвунувавте за притисок!?

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/1553505884807054

Дали Наќе е виновен и што не го уапси Оливер Спасовски, кој во ек на коронавирус си тераше партиска кампања и стави во ризик десетици, поточно стотици луѓе во ризик!? Или ако преземеше дејствија ќе се жалевте наоколу дека трпите политички притисоци, а Вие всушност го кршите законот!? Срамота Љупчо! Покажи грам срам, наведни ја главата и не пишувај за да го револтираш народот. Твоите пајташи со дозволи од партијата го злоупотребуваа полицискиот час и делеа поткуп, ширеа зараза и ставаа луѓе во опасност. Народот ве гледа. Следува казна многу скоро!, напиша Трипуновски.

 

Треба да знаете
Последни објави