Search

Трипуновски: Босилово изминативе три години од како Зоран Заев е на власт тапка во место

Денеска согласно нашите политички активности односно разговорите за Обнова на Македонија се наоѓаме во општина Босилово каде што разговараме со граѓаните и жителите на оваа општина , од она што можам да го слушнам во разговорите е дека пред се општината Босилово изминативе две години односно три години од како Зоран Заев е на власт тапка во место речиси локалната самоуправа воопшто нема изреализирано ниту еден од ветените проекти.

Меѓутоа она што сакам да го потенцирам а тоа е генералната политика која што ја води СДСМ на ниво на Република Македонија. Ние се наоѓаме во срцето на југоисточниот  регион,  регион каде што Зоран Заев ветуваше живот за сите земјоделци , ова морам да го спомнам бидејќи се наоѓаме во еден од земјоделските краеви каде што во предизборието во 2016 година Зоран Заев и неговиот тогашен дополнителен односно министер Љупчо Николовски ветуваа дека ќе има загарантиран откуп на земјоделските производи, дека откупувачите ќе се тепаат кој да го откупи земјоделскиот производ дека ќе има гарантен фонд кој ќе гарантира исплата на време на земјоделските производи и безброј други проекти кој што ги ветуваа и иде од село во село.

Денеска на овој разговор со граѓаните на општина Босилово изминативе три години гледаме дека од тоа нема речиси ништо. Единствено што мора да признаеме  дека Зоран Заев и неговата група се добри во крадењето на државните пари и во продавањето на националните интереси.  Денеска гледаме дек Луј Витон торби се шетаат низ Скопје, како да се враќаат луѓето од пазар.

Она што сакам да го порачам овде од срцето на струмичкиот регион, дека доаѓа време за Обнова на Македонија, доаѓа време за Македонија да се врати на шините коишто ќе значат просперитетна  држава и подобро утре за сите граѓани. Меѓутоа сакам да потенцирам дека после 12 април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира влада секој еден кој што се огрешил пред законите ќе одговара. Независно на неговото име и презиме.

Ние во овие разговори денеска ќе ги слушнеме и поплаките, односно забелешките на граѓаните кои што ќе ги преточиме во предизборна програма која што ќе ја понудиме на изборите на 12 април. Тоа значи дека ние постојано како во изминатиот период така и во иднина ќе бидеме постојано меѓу луѓето бидејќи од тука можат најреално и најискрено да се слушнат сите оние проблеми кои што ги тиштат секојдневно.

Затоа ние во оваа комуникација која што ја имаме изминативе неколку месеци и години ќе ги преточиме овие проекти во изборната програма која што ќе значи подобро утре за сите граѓани

 

Треба да знаете
Последни објави