Search

Трипуновски: Атанасов си тера кампања по зелените пазарчиња, а десетици граѓани се трујат

Интегрален текст од изјава на Цветан Трипуновски,  дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

„Масовното труење на граѓани во Скопје во изминатите неколку дена по којзнае кој пат ја извадија на површина лагата на Зоран Заев, Трајан Димковски и Зоран Атанасов безбедноста и квалитетот на храна која се увезува во Македонија. Загрозено е јавното здравје на граѓаните, стотици затруени граѓани, неконтролиран увоз на земјоделски производи без контрола на нивото на пестициди во и на истите, не се доволна причина за загриженост на најповиканата институција Агенција за храна и ветеринарство и нејзиниот директор Зоран Атанасов.

И додека Зоран Атанасов заедно со раководителот на Секторот за инспекциски надзор, Ванчо Новоселски, си тераат партиска кампања по зелените пазарчиња во Република Македонија, десетици граѓани се трујат како последица на нивната неработа и незаинтересираност.

Ова се податоци од ЕУ, од кои читаме дека во изминативе 23 години имаме неколку стотици примери до труење на храна во Република Македонија. Податоците на ЕУ го демантираат Заев, Димковски и Атанасов, кои во програмата на СДСМ напишале дека го подобриле системот на безбедност на храната. При што како што велат во 2019 немало регистрирано труења.

Овие податоци од ЕУ го демантираат тоа. СДСМ во нивната програма свесно лаже.

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/2730404123863783/?t=54

Апелирам до надлежните институции да ја истражат работата на АХВ во изминатиов период и зошто се криела бројката на затруени граѓани?! Дали неспособноста и неработата сакале да ја прикријат со лажење?!

Одговорност мора да има. Загрозувањето на здравјето на граѓаните не смее да остане неказнето.

Одговорност ќе има. Наскоро завршува времето на негрижа за граѓаните. По промената на власта по 15 јули се обврзуваме за грижа за здравјето на граѓаните, но и на засилени контроли за сите кои го прекршиле законот и влијаеле за загрозување на здравјето на луѓето.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат единствено повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Треба да знаете
Последни објави