Search

Трипл-дабл на Леброн во триумфот над Бостон

Лос Анџелес лејкерс предводени од Леброн Џејмс забележаа важна победа на гостувањето кај Бостон во обидот да обезбедат место кое носи учество во плеј-офот на НБА-лигата.

Џејмс натпреварот го заврши со двоцифрен ефект во три статистички категории – 28 поени, 12 скока и 12 асистенции.

Најефикасен во Бостон беше Кајри Ирвинг со 24 поени.

Резултати на натпреварите од НБА-лигата одиграни ноќта меѓу четврток и петок:
Индијана – ЛА клиперс 116:92
Орландо – Минесота 122:112
Атланта – Торонто 101:119
Бостон – ЛА лејкерс 128:129
Оклахома – Мемфис 117:95
Портланд – Сан Антонио 127:118.

Треба да знаете
Последни објави