Search

Трипиер и официјално во Атлетико

Фудбалерот на Тотенхем, Киран Трипиер од следната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид.

Веста денеска службено на Твитер ја потврдија челниците на мадридскиот клуб.

Десниот бек на англиската репрезентација потпиша договор на три години, а за услугите ќе бидат исплатени 24 милиони евра.

Минатата сезона на Трипиер не беше доволно добра, па неговиот тренер Покетино реши да го продаде за да донесе ново засилување за Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави