Search

Тринаесет мртви бебиња пронајдени во ладилник во болница во Краљево

Во општата болница во Краљево во ладилник се пронајдени 13 мртви бебиња, објавија српските медиуми. Заменик директорот на болницата изјавил дека станува збор за мртвородени бебиња.

„Тоа се мртвородени бебиња кои сè уште не сме ги погребале, затоа што немаме каде да ги погребаме. Не е ништо пронајдено, затоа што не сме го криеле тоа. Бебињата се наоѓаат на паталогија како што налагаат прописите“, рекол заменик директорот на болницата, Драган Каљевиќ.

Објаснил дека се работи за бебиња кои што родителите не сакале да ги земат и сами да ги погребаат и дека по Зaкон не се ни должни да го направат тоа.

Каљевиќ рекол дека во тек е формирање на комисија која ќе одлучува за местото каде што во иднина ќе се погребуваат мртвородените бебиња.

Треба да знаете
Последни објави