Search

Тринаесетгодишно девојче се удави во битолски базен

Тринаесетгодишно девојче се удави денеска околу пладне во битолската населба Довлеџик, кога  падна во базенот на ЈП “Стрежево“, со кој, од 2017 година и со целиот рекреативен комплекс стопанисува компанијата “БВ Инженеринг“.

Според неофицијални информации, повеќе деца од ромска националност кои живеат во близина на Довлеџик, преку оградата се префрлиле за да се бањаат во базенот. За жал, девојчето кое не знаело да плива, паднало и последиците биле фатални.

Од “БВ Инженеринг“ велат дека со базенот немаат намера ова лето да стопанисуваат и го уредуваат само детскиот комплекс, а децата влегле преку ограда.

– Ми е жал за она што се случило и за овој млад изгубен живот. Упатувам сочуство до фамилијата на детенцето, но јас сум изненаден со тоа што во овој период кога друг го стопанисува базенот, во најмала рака би требало да има обезбедување на објектот, за да не се случуваат вакви немили настани – рече Менде Граматковски, директор на ЈП “Стрежево“.

Веднаш по критичниот настан, девојчето било извлечено и однесено во Ургентното одделение на Клиничката болница во Битола во безживотна состојба, но обидот за реанимација бил безуспешен, велат од болницата. Трупот ќе биде предаден во Службата за патологија, а истражните дејствија веќе ги презема Основното јавно обвинителство во Битола.

Треба да знаете
Последни објави