Search

Трикратна светска шампионка продава „+18 фотографии“ за да собере пари за ЗОИ

Трикратната светска шампионка ги пропушти Олимписките игри во Пекинг во 2022 година поради повреда на лигаментите, по што најави повлекување. Таа го објави ова во интервју за Би-Би-Си, за неколку месеци подоцна да објави дека ќе се обиде да се натпреварува на следните Олимписки игри.

Таа истакна дека патувањето до Милано и Кортина д’Ампецо ќе мора сама да го финансира, па направила план како да ги добие потребните пари. Таа веќе почнала да ги промовира своите OnlyFans снимки, а дала и неколку интервјуа во британските медиуми за да објасни зошто го отворила. Сепак, сите причини се сведуваат на една работа – пари.

Да потсетиме, Кристи пред точно една година ја шокира Британија објавувајќи ја својата автобиографија во која призна дека била силувана и точно опишала како тоа се случило.

Тогаш имала само 19 години, а денес 31-годишната девојка од Шкотска тренира за својата четврта Зимска Олимпијада. Во нејзината автобиографија наречена Resilience, таа посветила цело поглавје на силувањето што се случило во 2010 година, кога излегла со соиграч по враќањето од ЗОИ во Ванкувер во 2010 година.

„Се сеќавам дека бев со соиграч. Купивме пијалок и по само неколку голтки еден дечко ми пријде и почна да разговара со мене. Не размислував премногу и го прифатив разговорот. Потоа тој ми понуди пијачка. Му кажав дека веќе имам една, но тој се врати со друг и рече: „Пробај го ова“. Испив неколку голтки, бев наивна. Дури не го испив целиот пијалок и веќе почнав да се чувствувам чудно. Беше околу 22 часот и не сакав да останам надвор чувствувајќи се така“, пишува Кристи, која нарачал такси, но мажот тргнал по неа и ја турнал во автомобилот.

„Се чувствував чудно и моето тело не работеше како што треба. Се обидов да се оттргнам од него, но едноставно не можев колку и да се трудев. Секогаш кога ќе паднев на подот, тој трчаше по мене и ме влечеше. Тој заврши и ме стави во таксито. Нејасно се сеќавам дека го замолив таксистот да не нѐ носи до куќата на овој човек и да ме вози на мојата адреса. Во еден момент всушност бевме блиску до местото каде што живеев, а потоа врескав: Таму, мора да одиме таму, сврти.’ Сепак, предаторот го убеди таксистот дека сум му девојка и дека сум само пијана, а тој нѐ одвезе до неговата куќа“.

Кристи долго време молчела за тоа што се случило, но сега конечно решила да проговори преку книгата што ја објави. Таа навлегла во многу детали за да им го пренесе на читателите размерите на ужасот низ кој поминала.

„Тогаш ми беше јасно дека ќе ме злоставува сексуално и цело време му викав: „Не!“, рацете ми лебдеа, не можев да станам. На крајот попуштив и се предадов“, пишува Кристи и заклучува:

“Потоа се разбудив среде ноќ и заминав најбрзо што можев. Не го пријавив силувањето во полиција. Не знаев што да правам. Дефинитивно не сакав да ѝ кажам на мајка ми бидејќи знаев дека тоа ќе ја вознемири. На крајот, не бев силувана како што гледате во филмовите, не бев физички повредена, туку бев принудена да имам секс против моја волја“.

Треба да знаете
Последни објави