Search

Триколорите му „зарија нож“ во грб на Бензема

Карим Бензема е актуелниот освојувач на Златната топка и секако една од најсилните алки на француската фудбалска репрезентација. Иако го игра најдобриот фудбал во кариерата, не доби шанса да настапи на Светското првенство поради повредата што ја заработи непосредно пред почетокот на натпреварувањето.

Франција го отвори настапот на Светското првенство со победа од 4:1 над Австралија. Австралијците поведоа, но Французите набрзо ја презедоа контролата врз играта и на крајот убедливо славеа. Во вториот натпревар Французите играат против Данска, а L’Equipe откри шокантна вест за Бензема во пресрет на тој натпревар.

Познатиот француски весник пишува дека на сите негови соиграчи им олеснало кога тој ја напуштил репрезентацијата, а тоа особено се однесува на напаѓачката тројка. Очигледно единствениот кој се уште е со напаѓачот на Реал Мадрид е неговиот добар пријател Маркус Турам, додека остатокот од тимот му го сврте грбот. Истиот весник наведува дека првата опуштена ноќ во францускиот табор била онаа без Бензема.

Напаѓачот на Реал се врати во националниот тим во 2021 година по седумгодишно отсуство поради скандал и обвинувања дека го уценувал соиграчот Матје Валбуена со експлицитни видеа. Кога се врати стана клучна алка на репрезентацијата на Еврото и во Лигата на нации, а Катар му беше последен воз за да направи нешто повеќе на Мундијалот бидејќи го немаше во Русија. Сепак, повредата на квадрицепсот го спречи во тоа.

„Никогаш не сум се откажал, но сега морав да размислувам за тимот како што мислам секогаш. Затоа се откажав да му дадам шанса на некој што може да и помогне на тимот на Светското првенство“, изјави Бензема по неговата одлука да се повлече од Мундијалот, одлука која изгледа само ги развесели соиграчите за кои се жртвуваше.

Треба да знаете
Последни објави