Search

Триесет години од смртта на Фреди Меркјури

Зачекорувајќи со испакнати гради напред, вртејќи се со карактеристичното движење на колковите и стегајќи ја едната рака во тупаница… За пејачот на „Квин” (Queen), излегувањето на сцената со класичен држач за микрофон, беше незамисливо.

Вистинското име на Фреди Меркјури е Фарук Булсара. Роден е на 5 септември 1946 година во Занзибар. Пораснал во Индија и на 17 години се доселил со семејството во Лондон. Таму, тој се запознава со гитаристот Брајан Меј и тапанарот Роџер Тејлор, првично помагајќи им за турнејата… Малку подоцна почнува и да компонира и изведува свои песни во различни групи.

Во 1970 година е родена „Кралицата” (поп-рок групата „Квин”). Фреди (така нарекуван во училиште) го избрал уметничкото презиме „Меркур”.

Првите поголеми успеси „Квин” се околу 1975 година – со оперска пародија… И денес „Боемската рапсодија” (Bohemian Rhapsody) останува најпознатата песна на бендот. На четворицата музичари им носи безброј награди, и oвa е нивниот прв хит што стигна до првото место на музичките топ-листи.

Со недели, албумот „A Night at the Opera” беше на врвот во Обединетото Кралство – како и речиси сите последователни албуми на „Квин”. И во САД, честопати биле на врвот, станувајќи така еден од најуспешните состави на сите времиња.

Фреди Меркјури често го чува својот приватен живот во тајност. Откако раскинал со својата девојка Мери Остин, на која ѝ признава дека е хомосексуалец, пејачот на „Квин” има неколку врски со мажи.

Не се знае точно кога Фреди Меркјури дознал дека има СИДА. Првично, тој ја чуваше дијагнозата во тајност и продолжи да пишува нови песни. Следи албумот „Miracle”. Заедно со оперската дива Монсерат Кабаје, Фреди Меркјури ја сними и баладата „Барселона”.

Последниот јавен настап на Фреди Меркјури е во февруари 1990 година на „Британските награди”, каде што ја доби „Почесната награда за извонредно достигнување во британската музика”. Во 1991., „Квин” го издаде албумот „Innuendo”.

Ден пред смртта, Фреди Меркјури објави дека има СИДА и со тоа стави крај на гласините за неговото здравје. Почина на 24 ноември 1991 година, од пневмонија. Во 1996., негова статуа била поставена на едно од неговите омилени места, во швајцарскиот град Монтре. Насловната страна на албумот „Made in Heaven”, објавен по неговата смрт, го прикажува задниот дел на статуата покрај Женевското езеро.

Треба да знаете
Последни објави