Search

Триесетина новинари, професори, обучувачи од шест европски земји во посета на МИА

Околу 30 професори, наставници, обучувачи, новинари и претставници на институции од областа на образование од Полска, Летонија, Литванија, Кипар, Грција и Северна Македонија ја посетија МИА со цел да се запознаат со работењето и забележливите успеси на агенцијата во изминатиот период.

МИА, како што посочи на презентацијата директорот и главен и одговорен уредник Драган Антоновски, израсна во вистински сервис на медиумите и примарен извор на веродостојни и проверени вести и информации за граѓаните и регионалните агенции. Тој ја појасни работата на Агенцијата и напредокот што таа го постигнала во изминативе две и пол години, етаблирајќи се во релеватен извор и медиум, кој ги промовира професиналните новинарски стандарди во своето работење, бескомпромисно вложува во елеминација на лажните вести и медиумската писменост.

Брзо, точно, проверено е мотото на МИА, нагласи Антоновски и додаде дека Агенцијата продуцира најголем број новинарски продукти во земјава, внесува новини во агенциското новинарство и ги користи сите алатки на современите дигитални можности и он лајн новинарство.

Објективно информирање на граѓаните, стоп за лажните вести, МИА во секој дом, како и обезбедување на проверени и точни информации во интересна медиумите и граѓаните, како и придонес кон јавноста и унапредување на демократското општество се целите на Агенцијата, посочи нејзиниот директор и главен и одговорен уредник пред гостите.

-Се соочуваме со сите предизвици на денешното време и медиумската реалност и имаме концепт како да се справиме со се тоа, и се поставуваме за долгорочните стратешки цели, а не за дневна политика и некаква епизодна улога на новинарската професија злоупотребена од политичката и бизнис елита. Реформиравме организациски еден дел од Агенцијата, ни претстои нова организацискат поставеност, имаме сериозна поддршка од донаторите на меѓународната заедница, преку обуки, опрема, имаме план за развој за наредните неколку години и сме на пат да станеме современа информативна агенција која без комплекс настапува и на регионалниот медиумски пазар, истакна првиот човек на Агенцијата Антоновски.

МИА произведува 300 до 350 стории дневно во трите редакции, македонската која е поделена на внатрешна и надворешна редакција, како и од преведувачките редакции на албанскиот и англискиот сервис на Агенцијата, истакна уредникот на генералниот сервис Ана Цветковска.

Таа пред присутните го презентираше и видео сервисот на МИА, кој се развива од изминатата година, со што МИА се приближува до стандардите на современите светски агенции.

Документаристиката, видео интервјуа, репортажи, анализи и теми, новата дописна мрежа од странство особено соседството и главните центри Вашингтон, Брисел, Париз, Словенија, Хрватска, Косово и Србија секако Тирана , Бугарија и Грција се новините кои ја направија разликата помеѓу старата и новата МИА, истакна директорот Антоновски.

-Не измисливме ништо ново само го ослободивме просторот за објективен новинарски израз и стандарди кои се универзални во нашата професија, додаде тој.

Посетата на МИА на приближно 30-те гости, сите на некој начин во своите професии поврзани со медиумската сфера е дел од проектот Media Lab for bringing cross border gaps, кој почна во 2018 и ќе заврши ова лето. Во проектот учествуваат организации од шесте земји, а во рамки на неговите активности се подготвуваат алатки за учење за медиумска писменост, анализа на состојбите во земјите и три тренинзи, од кои едниот се одржува од 9 до 12 јануари во Скопје. Целта на тренингот е унапредување на прекуграничното разбирање, борба против дезинформациите, лажни вести и пропаганда. Тренингот е организиран од ЗМАИ – Здружение на аналитичари и истражувачи.

Треба да знаете
Последни објави