Search

Триесетгодишник го нападнал полицаецот кој му пишал казна

Триесетгодишник со иницијали, А.Д. физички нападнал полиацаец, синоќа, на улицата „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје

Според пријавата, лицето го нападнало полицискиот службеник откако му бил издаден налог за глоба за сторен сообраќаен прекршок.

Триесетгодишникот, кој е од селто Страхојадица, општина Зелениково, бил приведен по настанот. Oд МВР велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави