Search

Трет ден по ред Русија бележи по повеќе од 500 умрени од коронавирус

Во Русија денеска е објавено дека во последните 24 часа умреле уште 510 лица од коронавирус, што е трет пат неделава дневниот број на смртни случаи да надмине 500.

Според Кризниот штаб, во земјата се регистрирани нови 27.100 случаи на инфекции.

Најголем број новоинфицирани има во Санкт Петербург – 3.695, додека во московскиот регион се регистрирани 1.065 нови случаи, пренесе Тасс.

Од почетокот на епидемијата во Русија се заразени 2.242.633 лица, од кои досега умреле 39.068,

Треба да знаете
Последни објави