Search

Трет ден од мировните преговори за Јемен

Претставниците на завојуваните страни во Јемен се сретнаа денеска во Стокхолм, трет ден по ред, на преговорите кои имаат за цел да се стави крај на четиригодишната катастрофална граѓанска војна во земјата.

Бунтовниците Хути и меѓународно признаената Влада, која има поддршка од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, тврдат дека се залагаат за мир.

Според делегацијата на Хутите, преговорите се поделени на пет главни делови, вклучувајќи дијалог за рамка за политичко решение на конфликтот и обновување на работата на аеродромот во главниот град Сана за да може да се доставува хуманитарна помош.

Разговорите започнаа во четвртокот, кога завојуваните партии се согласија за размена на затвореници. Сепак, претставници на ОН предупредија дека не очекуваат преговорите да доведат до брз напредок кон политичко решение.

Треба да знаете
Последни објави