Search

Трет ден во Русија помалку од десет илјади новозаболени, починаа уште 91 лице

Русија потврди 8.926 случаи на новозаболени во однос на вчерашниот ден, а 91 лице го загуби животот како резултат на инфекција со коронавирус.

Ова е веќе трет ден во кој Русија има помалку од десет илјади новозаболени. Од почетокот на пандемијата, тие имаат регистрирано 290.678 случаи на инфекција, а од почетокот на мај досега имаа околу десет илјади нови случаи на ден.

Од последиците на „ковид-19“ во Русија досега починале вкупно 2.722 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави