Search

Трето издание на планинска трка „Водно-Матка Треилс“

Трета година по ред, на крајот од месец март, планината Водно и кањонот Матка ќе бидат домаќини на трката во планинско трчање „Водно-Матка Треилс” во организација на здружението за спортови во природа „Трекс” од Скопје.

Спортскиот настан се состои од две трки во планинско трчање чии маршрути минуваат низ најубавите и најинтересни предели на планината Водно и кањонот Матка. Досега, на претходните две изданија повеќе од 700 натпреварувачи од над 20 држави зедоа учество и искусија една незаборавна авантура под отворено небо.

На третото издание на „Водно-Матка Треилс“ ќе може да се одбере помеѓу планинска трка на 28 километри и планински маратон на 42 километри со соодветно искачување од 1800 и 3100 висински метри. Стартот е закажан на 28.03.2020 – сабота во 7 часот наутро од месноста „Полиција” во населбата Водно, а целта – како и досега – е во планинарскиот дом „Даре Џамбаз” на врвот на Водно.

Една од целите на настанот е да го развива планинското трчање во нашиот регион преку ширењето на етичките вредности и придобивките од овој спорт и истиот да го претвори во секојдневна активност на што повеќе домашни спортисти. Истовремено, организаторот цели да привлече учесници од странство кои ќе уживаат во природните убавините на планината Водно и кањонот Матка со акцент на културно-историското богатство.

Треба да знаете
Последни објави