Search

Третоодделенец од Велес заразен со коронавирус, соучениците и наставничката во изолација

ченик во  трето одделение од ООУ  „Блаже Конески“ во Велес е позитивен на Ковид-19. Резултатите стигнале вчера, по што семејството на ученикот веднаш го известиле училиштето. Детето најверојатно се заразило од дедото кој уште од минатата недела имал позитивен тест.

– Неговите родители во петокот известиле и детето превентивно оваа недела не доаѓало на училиште. Половина од неговото одделение, 15 ученици, со кои било  во група за настава, заедно со нивната наставничка, од денеска се во самоизолација и наставата ја продолжија онлајн за да немаат прекин, информираше за МИА Јованче Манасков, директор на ООУ „Блаже Конески“.

Тој ги пофали родителите на детето кои биле совесни и навреме го известиле училиштето и апелираше и до останатите  да го следат овој пример ако  откријат симптоми на Ковид-19 кај своите деца.

Манасков соопшти дека вчера во доцните вечерни часови биле известени дека детето е позитивно и известен е епидемиологот од ЈЗУ Центар за јавно здравје и постапено е во согласност со алгоритмот донесен од Комисијата за заразни болести.

-Децата од неговата група и наставничката, по препорака на епидемилогот, од денеска  се ставени во самоизолација. Станува збор за половина одделение бидејќи одделенијата ги делиме на две групи со две наставнички,информира Манасков, додавјќи дека останатите оделенија од прво до трето во ова училиште ќе продолжат настава со физичко присуство.

Директорот посочи дека е известено и Министерството за образование и наука, а во училиштето била извршена деинфекција на училницата на ходниците на влезовите и тоалетите. 

Треба да знаете
Последни објави