Search

Трета титула по ред во ЛШ за Ѓер

Ѓер ја освои третата европска круна по ред откако денеска во финалето на завршниот турнир во Будимпешта славеше со 25-24 против Ростов.

За Унгарките ова е вкупно петта титула во Лигата на шампионите и уште еднаш покажаа дека се доминантна сила во женскиот ракомет. Целиот натпревар Ѓер имаше контрола на резултатот. На полувремето беше 15-11. Во финишот стана драматично кога Ростов при резултат 25-21 направи серија од 3-0 и се закани дека може да направи сензација. Сепак, Ѓер не дозволи такво нешто за конечни 25-24.

Едуарда Аморим Талеска беше најефикасна кај победничкиот тим со седум голови, додека Анита Горбич постигна шест. Лоис Абинг со седум голови најмногу се истакна во таборот на Ростов.

Третото место на турнирот го освои Кристијанштад откако го совлада Мец со 31-30.

Треба да знаете
Последни објави