Search

Трета министерска оставка по експлозијата во Бејрут

Министерката за правда на Либан, Мари-Клод Наџм денеска поднесе оставка, со што стана третиот член на владата, кој заминува од функцијата по експлозијата во пристаништето во Бејрут, во која загинаа речиси 160 луѓе.

„Министерката поднесе оставка“ изјави неименуван претствник на министерството за правда.

Вчера оставки поднесоа министрите за информации и заштита на животната средина.

Либанскиот министер за екологија Катар Демианос најави синоќа дека ќе поднесе оставка. Претходно оставка поднесе министерката за информации Мана Абдал Самад.

Истражниот судија денеска почна да ги испитува шефовите на безбедносната агенција во врска со експлозијата.

Треба да знаете
Последни објави