Search

Тренчевска: Родовата еднаквост наш врвен приоритет, обезбедуваме еднакви можности за граѓаните

Посветено работиме на родовата еднаквост. Тоа е наш приоритет како Влада и како Министерство, затоа што концептот „Едно општество за сите” е да обезбедиме еднакви можности за сите граѓани во општеството но и да имаме нулта толеранција за сите видови на насилство останува нашата цел, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа на денешната Регионална консултација органзирана од Министерството за труд и социјална политика зборуваше за клучните предизвици за интеграцијата во Евроспката унија, родовата еднаквост, како и научените лекции од имплементацијата на Конвенцијата за спречување и заштита од сите видови на насилство врз жените и семејното насилство.

-Како Влада и како Министертство јасно покажавме во изминатиов период дека родовата еднаквост е наш врвен приоритет. Согласно Извештајот на Европската Комисија, се провејува одредбата дека Северна Македонија е на вистинскиот пат во однос на родовата еднаквост, дека постигнуваме значителни резултати, како во развивање на нормативната рамка за усогласување со Истанбулската конвенција, така и рамки и политики за интегрирање на родовите перспективи и усогласување на националното право со правото на ЕУ, рече Тренчевска.

Како што напомена, со донесувањето на Националната стратегија за родова еднаквост 2021-26 година во јули оваа година постигнат е одличен напредок кон воспоставување на ефективен и ефикасен систем за вклучување на родовите аспекти во главните политики.

Во моментов, како што рече, во финална фаза е изработката на Законот за родова еднаквост, а неодамна Собранието го усвои и Законот за буџети, каде за првпат се вклучува родовиот концепт и родовото одговорно буџетирање.

Таа информираше дека во март 2022 година МТСП го отвори Ресурсниот центар за родово одговорни политики и политики за родово одговорно буџетирање, единствен ваков Центар во регионот и пошироко, а трет во светот кој што има интенција во наредните години да прерасне во еден регионален центар за креирање на родово одговорни политики.

Се подготвува, како што посочи, и Законот за заштита од вознемирување на работно место.

-Како Влада го усвоивме и предлогот за ратификација на Конвенцијата за насилство и вознемирување донесено од страна на Меѓународната организација на трудот од 2019 година и Стандардите од оваа Конвенција ќе бидат дел од новото законско решение. Ги зголемуваме капацитетите за згрижување на деца во предучилишното образование и во текот на 2021 година се отворени 11 нови објекти кои треба да помогнат и да ги поддржат жените за полесно и побрзо вклучување на пазарот на труд. Во 2022 година предучилишното образование и воспитание се спроведува во 78 јавни установи и 30 приватни детски  градинки, додаде Тренчевска.

Според министерката, кога зборуваме за родова еднаквост, зборуваме за зачувување на интегритетот и достоинството на жените како основно човеково право.

Затоа, потенцираше, со ратификацијата на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство на Советот на Европа нашата држава, Владата изрази подготвеност да го прилагоди системот на превенција, помош, заштита и процесуирање на случаите на насилство, вклучително и семејното насилство.

Таа додаде дека ефектите од ратификацијата на Конвенцијата се очигледни, а со унапредувањето на законската регулатива, со воспоставуавање на шелтер центри и на други услуги во сите плански региони во државата, како и се преземање на информативни и едукативни кампањи ќе се подигне свеста кај граѓаните за пријавување на насилството.

Даша Шиловиќ од Мрежата за родови прашања за Централна и Источна Европа пред почетокот на дебатата изјави дека важно да се бориме за вредности кои ни ги носи Европската Унија, а тоа се вредностите на социјална правда, рамноправност, човекови права и демократија.

-Во регионот на Западен Балкан сите земји ја ратификуваа Истанбулската конвенција. Но, едно е да се ратификува, а друго е да се спроеведува, посебно во ситуација во која се наоѓаме сите во Европа, односно во време на војна во Украина, енергетска криза, животна средина, и се бориме за зачувување на социјалните права, права на еднаквост и социјална емпатија, додаде Шиловиќ.

Таа потенцираше дека прогресивните политички сили, социјалисти и социјалдемократите во Европа даваат поддршка на проширувањето на Европската Унија и на интгерација на земјите од Западен Балкан.

Треба да знаете
Последни објави