Search

Тренерот на Милан е за воведување тајм-аут и во фудбалот !

Фудбалот драстично се менува од година во година, а тренерот на италијанскиот калчолигаш Милан, Стефано Пиоли кој го препороди Милан, најпрво го врати во Лигата на шампионите, а сега со Наполи се бори за скудетото, има итересни идеи за нови револуционерни промени во најважната споредна работа во светот.

Приуството на кошаркарскиот тренер Серхио Скариоло на еден од последните тренинзи на Милан, го поттикна Пиоли да размислува за промена на фудбалските правила, па италијанскиот селектор изјави дека би било добро да се воведе тајм-аут како во баскетот.

-Би сакал повеќе да комуницирам со играчите на натпреварите, би вовел тајм-аути и во фудбалот. Така можев да дадам посебни и прецизни инструкции, додека на полувремето се обидуваме да комбинираме тактичко-технички совети со мотивациони говори. Исто така, мислам дека се потребни методи за мерење на времето на активно играње, во моментов се губи премногу време, рече Пиоли.

Треба да знаете
Последни објави