Search

Тренерот на Барселона за иднината на Кутињо: Кој знае…

Се чини дека тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не е сигурен дали во новата сезона ќе може да смета на услугите на Филипе Кутињо.

Кутињо пристигна во Барселона во 2018-та година за 145 милиони евра, меѓутоа Бразилецот не ги оправда очекувањата, па голема е веројатноста наскоро да го напушти „Камп Ноу“.

Засега неколку клубови покажаа интерес за неговите услуги, меѓу кои Арсенал, Тотенхем и ПСЖ, но неговата иднина и натаму е непозната.

„Кутињо? Сметам на него, но не знам што може да се случи во иднина, дали ќе си замине или ќе остане. Засега е со нас“, изјави Валверде.

Треба да знаете
Последни објави