Search

Тренди кујни за 2022 година

„Кујните во 2022 година ќе ги чувствуваме како уште едно продолжение на домот, во смисла дека ќе бидат како соба, дополнителен животен простор во куќата, а не како простор за подготовка на храна“, вели дизајнерката на ентериер Џој Мојлер.

Експертите за боја можеби веќе ги поставија своите предвидувања за трендовите за следната година, но сега е време кујните да се стават во центарот на вниманието.

Користејќи комбинација од податоци за пребарување, едно неодамнешно истражување откри клучни трендови во наредните сезони. Некои од нив веќе почнаа да доминираат во трендовите на внатрешен дизајн во кујните ширум светот. Значи, што треба да знаете за да бидете пред другите? Ова се идеи за кујни што ќе ги видите насекаде.

Според дизајнерските веб-страници, оваа година пребарувањата за „дизајнери на кујни“ се зголемиле за 199% на нивната платформа. Повеќето ја истакнале желбата за сестрана кујна која е погодна за готвење, јадење, работа и дружење. Ова значи дека побарувачката за повеќенаменски простор била најбараната дизајнерска карактеристика во 2001 година.

Други карактеристики вклучуваат шкафови со рамен преден дел или минималистчки стил на детали и, секако, средишна плотна. Исто така биле барани и стаклени кабинети, светла палетa на бои – што значи дека идните трендови на бои на кујни ќе бидат многу неутрални.

Треба да знаете
Последни објави