Search

Трајковски тврди дека бил во Будимпешта на специјалистички преглед за синусите

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба, Александар Трајковски, кој беше снимен на фотографија со поранешниот премиер, Никола Груевски во Будимпшешта, на денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар” во кој е еден од обвинетите, рече дека бил во Унгарија поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта.

Обвинителката Фатиме Фетаи на почетокот на рочиштето го праша Трајковски што барал во Будимпешта и дали се сретнал со Груевски, а тој потврди и рече дека заминал по второ мислење за неговата болест, за што приложил и медицинска документација.

-Отидов во Будимпешта да барам второ мислење за мојата болест. Унгарија како понапредна држава од Македонија и членка на ЕУ има и понапредно здравство. Побарав мислење од доктори и за тоа имам и документација што ќе ја доставам до судот. Во Будимпешта заминав самоиницијативно на своја воља, рече Трајковски.

Александар Трајковски е вработен во Царинската управа, од каде соопштија дека во времето кога беше објавена фотографијата тој бил на боледување.

Од Царината најавија дека е поведена постапка за утвдување дали боледувањето му е оправдано и оти ако се утврдат злоупотреби ќе бидат преземни соодветни мерки.

Фотографијата од Груевски на која е и Трајковски беше снимена и објавена од дописник на „Гардијан” од Будимпешта и е прв фото запис од поранешниот премиер по бегството во Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави