Search

Трајковски и Ашковски освоија куп-титули

Македонските фудбалски репрезентативци Александар Трајковски со Ал Фејха и Стефан Ашковски  со Сепи освоија куп-трофеи во Саудиска Арабија и Романија.

Тимот на Трајковски испиша историја освојувајќи го првиот Куп трофеј во С. Арабија. Ал Фејха победи на пенали со 3-1 против Ал Хилал откако мечот заврши без победник (1:1 и по продолженијата). Трајковски беше стартер на мечот и играше до 105 минута.

Стефан Ашковски, пак, со Сепси го освои трофејот во Купот благодарение на победата над Волунтари со 2-1. Македонскиот интернационалец беше во стартниот тим и го одигра целиот натпревар.

Треба да знаете
Последни објави