Search

Трајковски изоставен од репрезентацијата оти е „стар“ против Шпанија поголема минутажа за младите

Македонскиот кошаркарски селектор Драган Бајиќ ги одбра кандидатите со кои ќе настапува на стартот од мундијалските квалификации за СП-2023 кои ќе почнат в петок (19.30 ч.) во Скопје со актуелниот светски првак Шпанија.„Црвената фурија“ е голем предизвик за секоја репрезентација, па и за Македонија кој не може да смета на сите расположиви сили за дуелот во СЦ „Јане Сандански“. Селекторот Бајиќ нема да ги има на располагање  поради повреди нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ, како и Љубомир Младеновски и Стојан Ѓуроски, додека на поканата не се одѕвал Лејсон Зекири кој сакал да настапува за Косово.

Меѓу репрезентативци Бајиќ не го вброи и искусниот, капитенот Бојан Трајковски (35 години) за претстојните средби против Шпанија (петок) и Украина (29 ноември) иако беше еден од најзаслужните во претквалификацискиот циклус што македонската репрезентација првпат се избори да игра мундијалски квалифиакции. Овој свој потег селекторот го објасни денеска на прес-конференција пред новинарите.

-Од моето доаѓање најавив дека има само една цел, а тоа е подмладување и давање шанса на играчите кои се иднина на Македонија. Трајковски испочитува сѐ што му дадов како задача во претквалификациите и јас сум му благодарен за тоа. Но, сега тој не е на посакуваното ниво, а згора на тоа треба да мислиме на иднината. Ако сѐ уште играме со играчи како Трајковски, Крстевски, браќата Стојановски и истите добиваат по 40 минути на натпревар, кога младите ќе добијат шанса за докажуваме? Можеби Теодор Симиќ ќе биде новиот Перо Антиќ, но ако нему дадеме шанса сега, кога нема ни 18 години, како ќе знаеме до каде може да се развива. Но, ако, на пример, задутре почне против големата Шпанија, тогаш ќе знаеме дека сме го купиле за следните 10-15 години, изјави Бајиќ.

Изоставувањето на Трајковски донесе потреба и од избоир на нов капитен, а тоа улога  ја игра  крилниот центар на МЗТ Скопје, Бојан Крстевски.

Треба да знаете
Последни објави