Search

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од Царинската управа. Трајковски исто така е советникu и во Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО го гони Трајковски за сторено кривично дело насилство, но досега нема побарано мерки за претпазливост, односно не му е одземен пасошот. Тој в понеделник треба да се појави на судењето за случајот „Насилство во Центар“.

„Од 5 декември 2018 година користи боледување, уредно пријавено во согласност со интерни акти на Царинската управа. Исто така, информираме дека царинскиот службеник во изминатиот период немал подолги отсуства од работа ниту, пак, реализирал службено патување во Унгарија“, велат од Царинската управа за „Макфакс“.

Неофицијално, Александар Трајковски вчерутро со лет на „Визер“ заминал за Будимпешта во посета на Груевски. Денеска, Трајковски постојано беше недостапен на мобилниот телефон, а вчера на „Вибер“ кусо ни одговори: „станува збор за грешка“. Од Царинската управа велат дека ќе ги проверат наводите што се објавени во медиумите, а нивните надлежни служби ќе го испитуваат случајот. Од МВР не одговорија на нашите прашања дали Трајковски ќе биде повикан на разговор за случајот со бегството на Груевски. Јавното обвинителство вели дека случајот е во предистражна постапка и затоа не може да кажат дали ќе го повикаат Трајковски на распит.

Обвинителката Вилма Русковска изјави дека Обвинителството за две недели ќе излезе со првичните резултати од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер.

Последно, Трајковски оранизира и протести со слоганот „Слобода за Никола Груевски“ по што достави и барање до претседателот Ѓорге Иванов да запре прогонот што се води врз ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави