Search

Трајковски: Груевски е во одлична здравствена состојба, загрижен е, и не излегува често

Трајковски: Груевски е во одлична здравствена состојба, загрижен е, и не излегува често

Целта на патувањето во Унгарија на Трајковски не била да се сретне со Груевски туку да најде лек за проблемите со дишењето.

Две години овде ме лекуваа со пумпица за дишење. Одлучив по препораката од матичниот лекар и заминав на преглед во „Дуна медикал“ во Будимпешта. Таму лекарите открија дека имам девијација во носот што постојано ми предизвикува инфекција на белите дробови, изјави Трајковски.

На изненадување на присутните, тројца адвокати го искористија рочиштето за да му соопштат на судот дека нема повеќе да го бранат обвинетиот Никола Груевски.

Груевски кому му се суди во отсуство си доби адвокат по службена должност. Наредното рочиште треба да се појави Петар Димовски и да застане зад Груевски.

Груевски е во одлична здравствена состојба, загрижен е, и не излегува често. Вака, ја опиша средбата со него Александар Трајковски кој беше уловен на фотографија во Будимпешта.

Треба да знаете
Последни објави