Search

Трансфер бомба, Ремили се сели во Веспрем

Првиот голем трансфер од редовите на Келце предизвикан од финансиската криза е во Веспрем.

Веспрем и Келце се договориле за отштета и трансфер на францускиот репрезентативец Недим Ремили од Келце во Веспрем, дознаваме од наши извори.

Веспрем остана ослабен на позицијата десен бек откако се повреди египетскиот репрезентативец Омар Јахија и „спасот“ го наоѓа на кризното подрачје во Келце. Таму, откако се откажа главниот спонзор, ракометарите веќе наголемо добиваат понуди, а полскиот клуб може да ги задржи единствено со умерена продажба на своите најголеми ѕвезди.
Така и би заработил од нивниот трансфер, а и би заштедил со ослободување од обврските што ги има кон нив. Доколку ова се реализира, со продажбата на Недим Ремили ќе се ублажи за момент кризата, но дали ќе остане само на него е прашање. Сеедно, до крајот на март сите прашања би требало да бидат одговорени.

Проблем за Веспрем е што Недим Ремили не би можел веднаш да настапи во ЛШ за нивниот клуб затоа што веќе има играно за Келце во групната фаза, па не е исклучено во меѓувреме да ангажираат уште еден ракометар кој би пополнил за следните четири натпревари во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави