Search

Транссексуалец фаворит во трката за круната на Мис универзум 2018

Транссексуалец фаворит во трката за круната на Мис универзум 2018

Шпанската мисица Анхела Понсе (26) е првата трансродна личност која ќе се натпреварува на изборот за Мис универзум на светот. Анхела се залага за признавањето на различноста, а многумина тврдат дека таа е фаворит за победа на светскиот избор во Тајланд.

„Мојата цел е да бидам портпаролка за вклучување, уважување и почитување на различноста, не само за ЛГБТ-заедницата, туку и за целиот свет“, рече шпанската мисица.

Понсе, која не учествува прв пат на избор за убавина, е родена како момче во Севилја и порано се има натпреварувано како претставничка на покраината Кадиз на изборот за Мис на Шпанија.

Во Шпанија, пред пет години, ја укинаа забраната за натпреварување на трансродовите лица во избори на убавина.

Треба да знаете
Последни објави