Search

Трансродовите лица за прв пат излегоа на протест во Љубљана

Десетина трансродови лица за прв пат излегоа на протест во парк во Љубљана и јавно побараа од државата да им ја олесни процедурата за впишување на промена на полот во личните документи. Тие своите барања јавно ги соопштија и на протест пред Министерството за внатрешни работи.

Претседателот на Здружението ТраксАкција и неговиот основач Лин Џулијан Колетник рече дека преку протестот тие сакаат да го свртат вниманието и да информираат за кршењето на човековите права на трансродовите лица.

Според него, тоа во Словенија е постојана пракса, а Министерството за внатрешни работи и бирократија избегнувале да ја преземаат одговорноста и да им ги олеснат процедурите за промена на официјалните податоци за полот во документите и регистрите.

– Место да ни помогнат, од трансродовите лица се бара да им се утврди дијагноза на нивното ментално здравје, или да се третираат како лица со душевни растројства и насилно да се подложат на третман, вели Колетник.

Треба да знаете
Последни објави