Search

Трамп ja донира плататa за борба против зависност од опиоиди

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе ја донира платата од третиот квартал од оваа година како помош на надлежните органи во борбата против епидемијата на зависност од опиоиди во земјата.

Според АП, повикувајќи се на неименуван службеник во Белата куќа, Трамп ќе ѝ донира 100.000 американски долари на Канцеларијата на помошникот на министерот за здравство, која е одговорна за контрола на федералните здравствени служби и програми, во која спаѓа и Канцеларијата за општа хирургија.

Белата куќа соопшти дека средствата биле наменети за „понатамошна борба против кризата од опиоиди“.

Трамп ја стави борбата против злоупотребата на опиоидите меѓу главните приоритети на неговата администрација.

Повеќе од 70.000 Американци починаа во 2017 година од предозирање со лекови, меѓу кои во голема мера беа застапени лекови против силни болки (опиоиди) кои создаваат зависност.

Трамп вети дека додека е на функцијата претседател, ќе ја донира својата заработка за корисни цели. Така, својата плата за второто тромесечје ја донираше на Кабинетот за општа хирургија, додава АП

Треба да знаете
Последни објави