Search

Трамп ќе ја промовира кампањата за претседателските избори на Јутуб

Изборниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп откупи рекламен простор на Јутуб што ќе го користи за промоција на кампањата за претседателските избори.

Промоцијата  ќе биде на насловната страна на Јутуб од трети ноември оваа година, за кога и се закажани претседателските избори во САД.

Се уште не е познато која е сумата што Трамп ќе ја плати на Јутуб за промоција на кампањата. 

Претставник на Јутуб истакна дека сите реклами што ги почитуваат политиката и правилата на Јутуб ќе можат да се појават на нивната платформа.

Во извештајот се нагласува дека поранешниот американски претседател, Барак Обама го направил истото еден ден пред изборите во 2012 година и пред Републиканската партија да објави дека Мит Ромни ќе биде нејзин  кандидат за претседател. 

Треба да знаете
Последни објави