Search

Трамп ќе прогласи вонредна состојба поради изградбата на ѕидот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се најавува дека ќе го потпише законот за гранична безбедност за да спречи затворањето на Владата, а истовремено ќе прогласи и вонредна состојба заради финансирање на ѕидот на границата со Мексико, објави Би-би-си.

Белата куќа соопшти дека Трамп, како што вети, ќе го потпише законот, но исто така ќе преземе и мерки за користење на воените средства за неговиот граничен ѕид со Мексико.

Конгресот прво мора да го донесе законот, пред да биде потпишан од претседателот.

„Претседателот уште еднаш ги остварува своите ветувања за изградба на ѕидот, заштита на границата и обезбедување на нашата голема земја“, рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Таа додаде дека претседателот ќе преземе и други извршни дејствија, вклучително и прогласување  вонредна состојба, заради осигурување на националната безбедност и спречување на хуманитарната криза на границата.

Треба да знаете
Последни објави