Search

Трамп: Ќе направиме договор со Кина во вистински момент

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер се обиде да ја одбрани својата трговска војна со Кина, додека тензиите се во пораст и пазарот трпи загуби, ветувајќи брз договор со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Трамп во повеќето твитови денеска ги повика американските компании да го поддржат неговиот став така што својот бизнис ќе го водат надвор од Кина, но истовремено го ублажи тонот по прашањето на сојата и другите земјоделски производи.

– Кога ќе биде вистинско време, ќе направиме договор со Кина. Сето тоа ќе се случи многу побрзо, отколку што мислат луѓето, напиша Трамп.

Тој рече дека неговото почитување и пријателство со кинескиот претседател е неограничено, но дека повеќе пати му рекол дека трговскиот договор мора да биде одличен за САД или нема да има смисла.

– Се надевам дека Кина ќе ни укаже чест така што ќе продолжи да ги купува нашите големи земјоделски производи, но ако не сакате, вашата земја ќе ја надомести разликата, напиша Трамп, обраќајќи се директно на американските фармери.

Претходно денеска американски официјални претставници објавија дополнителен список на кинески стоки во вредност од 300 милијарди долари, на што ќе се воведат повисоки царински давачки.

Пекинг вчера најави дека од 1 јуни ќе воведе тарифи до 25 отсто на 60 милијарди американски долари  увоз од САД, како одговор на претходната одлука на Трамп, кој во петокот ги зголеми царините од 10 на 25 отсто на кинескиот увоз во вредност од 200 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави