Search

Трамп ќе го назначи Роберт О’Брајан на местото на Болтон

Американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека ќе го назначи Роберт О’Брајан за наследник на отпуштениот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

– Задоволство ми е да објавам дека ќе го назначам Роберт Ц. О’Брајан, кој во моментов успешно работи во Стејт департментот како специјален претставник на прашања за заложници, за нов советник за национална безбедност. Јас работев со Роберт долго време и сметам дека ќе направи одлична работа, напиша Трамп на Твитер.

О’Брајан има долгогодишно искуство во републиканските кругови за надворешна политика.

На 10 септември Трамп го отпушти Болтон поради, како што нагласи, големо несогласување за голем број прашања.

Треба да знаете
Последни објави