Search

Трамп ја спореди Меланија со Џеки Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата сопруга Меланија е икона од исто значење како што беше Џеки Кенеди Оназис.

Трамп ја даде таа споредба додека ја бранеше одлуката да ја промени бојата на претседателскиот авион „Ерфорс Еден“, изграден под надзор на поранешната прва дама во 1960-те години, во идната верзија на американски претседателски авион, кој влегува во употреба во 2024 година.

„Знаете, тоа беше „Бејби блу“ која не се совпаѓа со нас. Тоа беше Џеки и тоа е во ред, но ние денес имаме своја Џеки и нејзиното име е Меланија“ изјавил Трамп, зборувајќи во телевизиската програма „Фокс и пријателите“, за своите планови да ја замени бојата на симболите на американскиот претседателски авион.

Треба да знаете
Последни објави