Search

Трамп: Членовите на Исламска држава се губитници и засекогаш ќе бидат

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска порача дека САД и натаму ќе бидат внимателни кога станува збор за мрежата на екстремистичката Исламска држава и ги предупреди потенцијалните регрути на истата дека ќе бидат мртви ако им се приклучат на џихадистите.

Трамп во соопштението наведува дека фактот што Исламската држава ја загубила целата територија во Ирак и Сирија е доказ за нејзиниот лажен наратив и ги нарече нејзините припадници губитници кои никогаш нема да бидат нешто повеќе од тоа, односно секогаш ќе бидат губитници.

Претседателот на САД исто така ја обвини Исламска држава за бруталните егзекуции, убивањето на жени и деца, искористувањето на деца-војници и сексуалната злоупотреба, објави агенцијата АП.

Сириските демократски сили поддржани од САД денеска објавија дека ослободено е и последното упориште кое џихадистите го имаа во Сирија.

Треба да знаете
Последни објави