Search

Трамп тврди дека САД не ги напуштиле Курдите

 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изнесе уверувања дека Вашингтон не „ги напуштил” Курдите, и покрај неодамнешната негова изјава за повлекување на американските војници од подрачјата во северна Сирија, долж границата со Турција.
„На пат сме да ја напуштиме Сирија, но апсолутно не ги напуштивме Курдите, кои се исклучителни луѓе и одлични борци”, наведе Трамп на Твитер.
Според него, САД и натаму ќе им помагаат на Курдите,  финансиски и со оружје.
Тој, исто така, наведе дека САД имаат добри односи со Турција, но и предупреди дека „непредизвикани и непотребни” турски акции ќе бидат „разурнувачки за труската економија и кревка валута”.
Треба да знаете
Последни објави