Search

Трамп со критики кон „Фокс њуз“: Неблагодарни се, заборавија кој им помогна

Претседателот Доналд Трамп ја критикуваше телевизијата „Фокс њуз“ обвинувајќи ја дека е неблагодарна.

„Бев во ’Ер форс уан’, летав кон големата држава Тексас каде што само што слетав. Беше прекрасно да се гледа Фокс њуз“, напиша тој на Твитер. „Во споредба со пред неколку години. Дури и негледливо. Тие целосно заборавија кој им помогна да бидат таму каде што се денес!”

Трамп е чест гостин во утринското шоу Fox & Friends и може да се потпре на конзервативната мрежа во вечерните емисии за да ги промовира своите идеи, но не учествува во дневна програма која има тенденција да биде поумерена.

Тој го објави својот твит за „Фокс њуз“ по слетувањето во Тексас, каде што ќе собира пари од републиканците за претседателските избори во ноември.

Трамп постојано ги критикува анкетите објавени од „Фокс“, според кои е зад демократскиот кандидат Џо Бајден со кого ќе се натпреварува за нов мандат.

Треба да знаете
Последни објави