Search

Трамп советува употреба на греблa за заштита од пожарите во Калифорнија

Американскиот претседател Доналд Трамп викендов беше во Калифоринја во посета на местата уништени од најдеструктивниот пожар во историјата на оваа сојузна држава и им даде совети на локалните власти како да ги заштитат шумите од пожари.

Според последните информации, бројот на луѓе кои се водат за исчезнати во пожарите во Калифорнија е 993 лица. Продолжува потрагата по жртви и изчезнатите во катастрофалните пожари распространети на север и југ од државата. Големи делови од регионот на Северна Калифорнија, како градот Сан Франциско, се покриени со смог, затворени се универзитетски кампуси, училиштата, откажани се многу настани. Северниот дек на Калифорнија каде беснее пожарот нарачен „Кемп” е најзагрозен.

Тоа е втора посета на Трамп на сојузната држава откако беше избран за претседател. Калифорнија се смета за либерална од каде доаѓа голема поддршка за демократите. Во текот на посетата на опожарените места претседателот беше во придружба на гувернерот во оставка Едмунд Браун, како и на неговиот наследник, новоизбраниот гувернер Кевин Њусом, двајцата демократи.

Тројцата се согласија да ги остават политичките разлики настрана во име на „обединување поради луѓето во Калифорнија”.

На почетокот на месецов кога избувнаа пожарите, Трамп ги критикуваше властите во државата за лошо управување со шумите. Тој повторно укажа дека состојбата со шумите во Калифорнија е главната причина за пожарите.

– Треба да обрнеме повеќе внимание на шумите, и тоа ќе го правиме. Исто така ќе работиме и со еколозите, укажа Трамп.

Градот Парадајс во Северна Калифорнија со популација од 26.000 жители е целосно уништен. Во него живееја пензионери, семејства со скромни примања и имигранти од Јужна Америка.

– Парадајс не изчезна, но е само привремено затворен поради реновирање, изјави советникот во Градското собрание Скот Лотер.

Како што објави локалниот весник „Чико Ентерпрајс-Рекорд”, кој се издава во соседниот град Чико, карактеристично за Парадајс  е тоа што земјата во околината на градот била покриена со суви борови иглички, а до градот водат само четири лошо поврзани автопатишта. Поради ова многу жители на градот се задушиле во автомобилите.

Официјалната причина за пожарот засега не е позната. Некои медиуми објавија дека три адвокатски фирми кои ги претставуваат интересите на жртвите ја дале на суд компанијата „Пацифик Гес анд Електрик”. Има сомнежи дека искрења од електрични далноводи на оваа компанија можеле да бидат една од причините за пожарите.

Експертите укажуваат дека постојат повеќе фактори за создавање на таков силен пожар, како климатските промени, сушата, силниот ветар (кој достигал брзина од 50 до 80 километри на час), доволно густата вегетација или густо посадените дрвја, но и постоење на „храна” за пожарите како сува трава и грмушки.

Инаку Трамп во 2017 година беше иницијатор за излез на САД од Парискиот договор за климатски промени, кој што го утврди и ратификува неговиот претходник Барак Обама.

Во текот на посетата на Калифорнија, Трамп не само што ја осуди политиката на локалните власти туку им даде и совет.

– Знаете дека шумското покривка е многу важна. Финска на пример троши многу време и средства на чистење на шумите од паднатите лисја и нивно собирање со гребла. Тие многу работат на ова поле и немаат никаки проблеми, посочи Трамп.

Изјавата на претседателот за употреба на гребла за заштита од пожари предизвика многу шеговити реакции по социјалните мрежи. Зборот „рејк” (rake – греблo) стана мемо за вицеви на Твитер.

Претседателот на Финска, Саули Нинисте за финските медиуми потврди дека на 11 ноември во Париз се сретнал со Трамп и дека на средбата станало збор за шумска политика и за системи за мониторинг за заштита на шумите, но не може да се сети на никаков разговар за гребла.

Треба да знаете
Последни објави