Search

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Царнаев е осуден за смртоносната експлозија на маратонот во Бостон во 2013 година.

„ Сојузната влада мора уште еднаш да побара смртна казна да го дополни тоа судско поглавје. Нашата држава не може да дозволи да стои апелационата одлука. Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон“ напиша Трамп на Твитер.

Минатата недела американскиот Апелационен суд ја поништи смртната казна за Царнаев, на која беше осуден во 2015 година.

Како што се наведува, судот ја разгледува жалбата за преиспитување на случајот уште од 2016 година, а според тврдењата на одбраната, одлуката Царнаев да не се сослушува во друг град, го лишила од правото на правично судење, бидејќи поротата во Бостон не може да биде целосно непристрасна.

За тоа се обвинети Царнаев и неговиот брат Тамерлан, кој беше убиен во полициска акција за време на апсењето.

Во апсил 2015 годин Царнаев беше осуден по сите 30 на обвинението и осуден на смртна казна.

Треба да знаете
Последни објави