Search

Трамп размислува за воведување царини на автомобили од ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека сериозно размислува да воведе царински давачки за увоз на европски автомобили, освен ако Соединетите држави (САД) и ЕУ не постигнат договор за трговија.

Тој по состанокот со пакистанскиот лидер на економскиот самит во Давос, рече дека сепак очекува да се постигне договор со Европа, пренесува Капитал.ба.

Трамп исто така имаше средба и со претседателот на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен во Давос и рече дека разговорот со неа бил добар, но не откри дали разговарале и за воведување данок на европските автомобили.

„Европа знае дека мора да направи нешто и ако биде фер, нема да имаме никакви проблеми“, рече Трамп.

Треба да знаете
Последни објави