Search

Трамп: Путин веројатно ќе побара укинување на санкциите на САД за време на претстојниот телефонски разговор

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува неговиот руски колега Владимир Путин да побара укинување на санкциите на САД за време на претстојниот телефонски разговор.

– Да, тој веројатно ќе го побара тоа, изјави Трамп за „Фокс њуз”.

Трамп не кажа каков ќе биде неговиот одговор, истакнувајќи дека тој ги воведе санкциите против Русија.

– Тие не го сакаат тоа. Искрено треба да можеме да се сложиме, изјави тој.

Треба да знаете
Последни објави